|
 |
|
 |
Martin Vucic
|
Мартин е роден на 07.08.1982 година во Скопје. На седумгодишна возраст настапува на детскиот фестивал на новосоздадени песни `Плетенка`, освојувајќи ја 2-та награда од публиката. Во тој период се запишува во Нижото музичко училиште и паралелно настапува во преставата `Спомени во ноќта` во Театарот за деца и младинци.
Во Средното музичко училиште се запишува во групата за ударни инструменти. Како тапанар станува дел од групата Арија, за подоцна да се ангажира и во улога на композитор.
На Факултетот за Музичка Уметност го примаат како исклучително талентиран и веќе потврден инструменталист. По напуштањето на групата Арија започнува успешна соло кариера, одбележана со неколку значајни настапи.
2002-ра на фестивалот Охрид Фест освојува второ место од публика со композицијата `Рано ми е да се врзам`. Истата година добива награда за најдобра интерпретација на фестивалот Макфест 2002 за композицијата `Харем`.Во Штип го промовираше и неговиот прв ЛП `Рано е да се врзам`.Истата година албумот е издаден за `БК Саунд` а тој е прогласен за откритие на годината на манифестацијата `12 Величествени`.На фестивалот Охрид Фест 2003-та ја освојува Гран При наградата со композицијата `Коса од злато`. Втора награда од публика на интернационалниот фестивал во Бања Лука 2003 (БиХ), за мелодијата `Нема правила`. На меѓународниот натпревар на ударалки во Софија 2003-та го освојува второто место. 2004 година го издава неговиот втор ЛП `Муза`.
Во моментов Мартин е апсолвент на Музичката Академија во Скопје и максимално се подготвува за настапот на 19 февруари.
Discography
|
|
|
|
 |
|